Во неодамнешното интервју за Vogue, Џенифер Лопез детално го опиша бракот со актерот Бен Афлек, за кого се омажи кон средината на оваа година.
Двојката ја обнови својата романса по 20 години, а бидејќи нивната врска е далеку од традиционална, Лопез објасни дека нивниот брак е доста модерен, откривајќи дека е горда што го земала презимето на нејзиниот сопруг.
„Луѓето сè уште ќе ме викаат Џенифер Лопез, но моето официјално презиме е Афлек, бидејќи сме заедно. Ние сме маж и жена и јас сум горда на тоа. Чувствувам дека е романтично.“, изјави таа за Vogue.
На прашањето на новинарката на „Vogue“ што се случило пред 20 години, кога раскинале, пејачката накратко објаснила дека биле премногу млади кога првпат почнале да се забавуваат.
„Бевме толку млади и толку заљубени во тоа време, навистина многу безгрижни, без деца, без приврзаност. Само ги живеевме нашите животи и бевме среќни и се покажа дека тоа не заврши добро. Имаше луѓе кои не сакаа да бидеме заедно, луѓе кои мислеа дека не сум вистинската личност за него“, рече таа, додавајќи дека на почетокот имала сомнежи за обновување на нивната врска.
„Очигледно не се обидовме јавно да ја признаеме нашата љубов. Но, никогаш не бегав од фактот дека секогаш чувствував дека таму има вистинска љубов. Луѓето кои ми се блиски знаат дека тој беше многу, многу посебна личност во мојот живот. Кога повторно се зближивме, тие мои чувства сè уште беа многу реални“, призна таа.
„Двајцата се изгубивме и се најдовме. Секогаш чувствувавме љубов, а чувствата уште повеќе се разгореа кога повторно се сретнавме“, рече таа.