Поп-пејачката Тијана Дапчевиќ имаше сериозни здравствени проблеми поради проширени вени, кои на крајот морала да ги оперира, а за што сега јавно проговори.
– Имав крофни на нозете. Сепак, тоа не беше единствениот проблем. Нозете ми се отечени, ме болат, ноќе ме будеа грчеви. Кога го направив ултразвукот, докторот ми рече: „Ова требаше да го направиме пред една година, не знам што чекаш“, објаснила 46-годишната пејачка која болеста ја наследила од нејзината мајка.
– На шега сакам да кажам: „Мамо, од тебе не наследив куќа, нива, кули, туку проблем со моите вени“, вели Дапчевиќ.
Како што објаснила, операцијата не била комплицирана, а успеала да ѝ помогне да реши долгогодишен проблем. За време на зафатот била под локална анестезија, а бидејќи била будна разговарала со докторот, па дури и пеела.
Во една прилика изјавила дека повеќе нема проблем со оваа болест и дека откако го симнала огромниот товар од грбот, сега може повторно да носи кратки здолништа.