Симптоми на осетлива кожа на главата се непријатно чувство на пецкање, болка, свраб и црвенило. Сувост, затегнатост и непријатност на скалпот се всушност знаци кој укажуваат дека најверојатно имате хиперсензитивен скалп или преосетлива кожа на главата. Било да се работи за благи симптоми или потешки форми, важно е да се воочат причинителите, односно што ја предизвикува оваа зголемена чувствителност пропратена со непријатност.
Потенцијални причини кој доведуваат до оваа хиперзензитивност…
Нездрава, небалансирана исхрана, несоодветен шампон или други хемиски препрати со кој ја третирате косата, загаден воздух и изложеност на негативни надворешни влијанија се најчестите причини поради кој доаѓа до одредени промени на Вашата кожа и коса проследени со непријатност и одредено предупредување дека нешто треба да промените..!
Сепак… еден од главните причинители за хиперзензитивен скалп е ШАМПОНОТ. Агресивните, јаки, хемиски супстанци за чистење во многу од шампоните ја уништуваат или намалуваат природната киселост која всушност ја штити Вашата кожа и потоа таа е по подложна на сушење и иритација.
Понекогаш одредени луѓе пројавуваат симптоми на преосетлив скалп по терапија на заболената кожа како атописки дерматит или псоријаза.
Кога еден или повеќе од овие фактори ќе ја наруши природната бариера на кожата на главата, тогаш микроинфламацијата може да стане главен фактор за чувствителниот скалп и непријаноста која ја носи со себе.
Настанува кога доаѓа до воспаление на ќелиите на кожата на главата, со што скалпот е преосетлив на допир.
Други фактори кој доведуваат до оваа непријатна појава се:
Климатски услови: сонце, ветер, врнежи, студено и топло време..
Хемикалии во сапуните, шампоните кој ги употребуваме но и загаден воздух и одредени лекови…
Хормонски промени, алергии и интолерантност на одредена храна.
Што е всушност микроинфламација?
Благо воспаление на кожата. Всушност, тоа е толку блага форма на воспаление што при клинички испитувања поминува незабележано но сепак доколку се проучува кожното ткиво зафатено со микроинфламација, се забележуваат воспалени клетки,при што кожата реагира на допир и е иритирана , а со тоа всушност се обудува целосно да се обнови. Но доколку и понатаму не се воочат причините за оваа појава и лицето продолжи да се третира со агресивни препарати може да дојде до сериозна воспалителна реакција.
Предлог препарат за ефикасен третман на чувствителен скалп и смирување на иритацијата и инфламацијата, за зајакнување на заштитната бариера, обнова и прочистување на скалпот како и јака, здрава и сјајна коса која не опаѓа:
Bioxsine Agva Thermale 300мл за чувствителен скалп со изразено противвоспалително дејство.. Напредна формула со термална вода, проибиотици, цинк пириотион, глицерол, витамини, салицилна и гликолна киселина без парабен, фталат и сулфати и агресивни хемиски супстанци. Формула прилагодена за секојдневна употреба и благопријатен третман на скалпот на кожата на главата како и за благо чистење и нега на скалпот. Притоа ја одржува нормалната Ph на кожата на главата и ги остранува сите нечистотии, полен и алергени без да предизвикува алергиски реакции и непријатност.
AQUA THERMAL ШАМПОН ЗА ЧУВСТВИТЕЛЕН СКАЛП
Повеќе информации за препаратот ќе најдете на: dermokozmetika.mk