Најубавата атлетичарка на светот, Лоло Џонс признала дека има 38. години и сè уште е девица. Таа за американските медиуми отворено зборуваше за некои свои тајни, кои се уште ги немаше откриено пред јавноста. Она што најмногу го сврте вниманието кон неа е признанието дека се уште е невина.
-Се обидов со многу мажи од расни општествени сфери, дури и со колеги атлетичари, ама секогаш сè завршуваше со прекин на врската и мое скршено срце. Јас сум одлучна да имам прв секс кога ќе стапам во брак, ама никако не може да го најдам вистинскиот маж-, од поодамна изјави Лоло.
Џонс родена е на 5-ти август 1982 година, а се натпреварува во дисциплината трки со пречки. Откри дека жали што на Твитер пред 8 години напишала дека е девица, тоа и уништило многу шанси и можности за средби со мажи – кои сакале само нешто друго.
-Порано барем имав шанси да најдам некого. Се прашував кога е вистинското време да му кажам? Ќе сака ли да ме причека додека подобро не ми запознае? Или одма да му кажам како стојат работите?- вели Лоло.
Оваа сестрана атлетичарка за малку не освои бронза на 100 метри со пречки на ЛОИ во Лондон, а е една од малкуте спортистки, која има настап и на Зимски Игри, па во Сочи ги претставуваше САД во боб. Сега тврди дека невиноста повеќе и направила проблем во кариерата, одошто и помогнала.
-Сексот многу помага кај спортистите. Добар е за хормоните, ама јас сум во незавидна положба. Не отспапувам од тоа првиот секс да го имам во брак, ама очигледно Бог сè уште не ме благословил со брак. Многу мажи ми се допаѓаат, ама во врска влегуваат самоуверени дека ќе ме предомислат и експресно си заминуваат, кога ќе сфатат дека нема ништо пред да застанеме пред олтар- завршува Џонс.
Инаку, убавата атлетичарка одлуката да се чува за брак ја донела лично, иако не била така воспитана. За споредба само кажа дека нејзината мајка никогаш не била веначана, но и покрај тоа има 5 деца.
https://www.instagram.com/p/CGYaiGgB4iJ/?utm_source=ig_web_button_share_sheet