Индијката Сонали Чандра која живее во Америка тврди дека сè уште е девица на 35 години и истакнува дека не планира да се премисли во врска со ова пред брак.
Не се согласува на водење љубов без прстен на раката, а сето тоа првпат го раскажала во познатата ТВ-програма „Доктор Фил“.
„Сексот го сметам за свет и посебен. Всушност, воопшто не го сакам зборот ‘секс’, претпочитам да го нарекувам тоа ‘водење љубов’“, објаснила во едно интервју и додала:
„Ќе бидам подготвена за водење љубов кога ќе го најдам вистинскиот. Барам господин кој е морален, етичен, згоден, амбициозен, кој негува здрави навики и кој ќе се однесува со мене како со кралица. Го сакам тоа што Пријанка Чопра го има со Ник Џонас“, рекла таа.
Чандра по неуспешните обиди да најде љубов, се пријавила во реалното шоу „Пет фраери неделно“, во кое била изолирана од надворешниот свет со петмина мажи. За жал, тоа не ѝ помогнало.
Како што вели, повеќето мажи се откажуваат кога ќе слушнат дека сè уште е невина, а досега се обидела со деветмина.
„Откако станав ТВ-лице, ми се јавуваат голем број мажи кои ми нудат брак, но страв ми е да се среќавам со непознати луѓе“, рекла таа.
Сонали објаснила дека пораснала со многу строги и традиционални родители Индијци, кои ѝ забранувале социјален живот и врски додека растела.
„Мислам дека таквото воспитување влијаеше многу негативно врз мојата способност да си најдам партнер, бидејќи рандевуата зависат од социјалните вештини“, рекла таа.
Сепак, му дала шанса на еден кој ѝ напишал многу романтична порака.
„Овој маж е згоден, амбициозен и малку постар од мене, па изненадена сум што сè уште не е оженет. Има неверојатна смирувачка енергија, што е одличен баланс за мојот темпераментен карактер“, рекла, па додала:
„Се чувствувам како да го познавам цела вечност и се чувствував многу пријатно во негова близина. Беше кокетен, но комплетно ги почитуваше моите граници со оглед на тоа што сум девица. Не се обиде ни да ме бакне“, искрено открила Чандра.