На британскиот пејач на бој бендот The Wanted, Том Паркер (33), минатата година му беше дијагностициран редок и неизлечив тумор на мозокот, а лекарите му дадоа само 18 месеци живот.
„Тоа е трагично и разорно, а влијанието на болеста врз мојата сопруга и децата е ужасно“, рече тој.
Сега е влијателен лобист кој се бори за претворање на средствата од државната каса во истражување и лекување на болести кои медицината, засега, не може да ги контролира.
-Имаш 33 години и тогаш ти велат дека имаш уште 18 месеци живот. Ужасно е, но јас се борам за семејството, рече Паркер, додавајќи дека туморите на мозокот убиваат се повеќе и повеќе деца и луѓе помлади од 40 години од кој било друг рак, но само два отсто од националните инвестиции во истражувањето на ракот се за тумори на мозокот.
Оваа вест му дојде во најлошото време кога неговиот син Боди требаше да се роди со актерката Келси Хардвик (30) со која ја има и ќерката Аурелиа (2) и тие се причината поради која се бори со оваа опасна болест.
Паркер почна да се бори и со депресија бидејќи туморот е неизлечив и не може да се отстрани, но своето ментално здравје делумно го припишува на тешките несакани ефекти од лекувањето.
Тој во борбата ја доби поддршката од познатите колеги, а сега е повикан да даде изјава преку видео врска до британската владина комисија која одлучува колку пари од државната каса ќе бидат издвоени за медицински истражувања.