Бјорн Улвеус од најпупуларниот шведски бенд АББА се пожали дека како старее може да води љубов само четири пати неделно.
“Имам 75 години и не можам повеќе од четири пати неделно“, одговорил Бјорн за “Гардијан“ на прашањето колку пати има секс.
Исто така тој признал дека за време на изолацијата повеќето време го поминал лежејќи дома облечен само во бадемантил. Бјорн додал дека честото носење на бадемантил веројатно е неговата најлоша навика.
“Ако ја прашате жена ми ќе ви каже дека мојата најлоша навика е што по цел ден сум во бадемантил – се пошегувал музичарот.
Инаку, Бјорн Улвеус е оженет со Лена со која има две ќерки, Ема и Ама. Тој исто така има две ќерки и со колешката од АББА, пејачката Агнета Фелтског.