Фијат Цаноски си поднесе оставка од лидерската позиција на Партијата за Европска Иднина, а со тоа се повлекува и од политичката сцена, дознава „Фокус“.
– Оваа политика во изминативе 16 години, колку што бев на сцена, навистина ме измори. Јас имам 43 години работен стаж. Имам деца, внуци и фамилија на кои сакам да им се посветам во наредниот период од мојот живот. Искрено, многу повеќе можам и ќе помогнам ако сум надвор од политиката. Имам вработено преку 400 луѓе во моите компании. Имам одлични проекти кои ќе донесат добробит на целото општество, изјави Цаноски за „Фокус“.
Како што објавија на порталот, во наредните денови се очекува да се избере в.д. лидер, кој ќе управува со партијата сѐ додека се одржи конгресот.
Comments are closed.