Шерон Стоун ги загрижи своите фанови кога на социјалните мрежи откри дека има тумор, кој треба под итно да се отстрани.
Таа ги повика фановите секогаш да бараат второ мислење откога таа добила погрешна дијагноза за која се покажало дека е голем фиброиден тумор.
Актерката на својот твитер-профил детаљно опишува како била во болница, потоа пишува за грешката при операцијата и за погрешно поставената дијагноза.
„Само што добив уште една погрешна дијагноза и неточна процедура“.
„Болката се влошуваше, отидов на второ мислење: имам голем фиброиден тумор, кој треба да се отстрани“, напиша таа.
Актерката потоа испрати важна порака. Особено дами: немојте да мислите дека не е важно, побарајте второ мислење. Тоа може да ви го спаси животот“.
„Ќе ми требаат од четири до шест недели за целосно да закрепнам. Ви благодарам на сите за грижата. Сè е добро“.
Нејзините фанови одговорија со многубројни пораки за поддршка и добри желби.
Инаку, фиброидите се вообичаено неканцерозни израстоци кои се развиваат во или околу матката. Израстоците се составени од мускули и фиброзно ткиво и се разликуваат по големина. Тие понекогаш се познати како миоми на матката или леиомиоми. Многу од жените не се свесни дека имаат фиброиди бидејќи немаат никакви симптоми.