Откако научниците во Франкфурт ја откриле слабата точка на вирусот, а американски и белгиски научници успеале да направат антитела кои штитат од Ковид-19, истражувачите од римската компанија “Takis Biotech“ објавија уште една добра вест! Тие тврдат дека создале антитела кои можат да спасат илјадници животи низ целиот свет, а по тестирањето на глувци, оваа година планираат да ја тестираат вакцината и на луѓето!
Италијанските научници тврдат дека ја откриле првата вакцина за коронавирусот!
Тестирањето врз луѓето се очекува да започне во есен, велат научниците.
„Како што ни е познато, ние сме првите во светот кои демонстрираа неутрализација на вирусот со вакцина“, вели Луиџи Аурисикио од компанијата.
Иако научниците ширум светот се обидуваат да најдат вакцина, Аурискио вели дека „ова не е натпревар“.
„Ако ги комбинираме нашите сили и вештини, заедно можеме да го победиме коронавирусот“.
Инаку, италијанските научници досега во глувците ставиле генетски код, и велат дека резултатите се охрабрувачки. Потенцијалната вакцина довела до ‘моќен одговор од антителата’ по само 14 дена, соопштиле научниците.