Руското Министерство за здравство го одобри „Коронавир“, лек против коронавирусот.
Од страна на неговиот производител Р-Фарм изјавија дека клиничкото испитување, кое вклучувало благи или умерени симптоми, покажало дека лекот е многу ефикасен во инхибиција на репликацијата на коронавирусот, пренесе Ројтерс.
Коронавир е еден од првите лекови во Русија и во светот која не се бори против компликациите предизвикани од САРС-КоВ-2, туку се бори против самиот вирус, се наведува во објавата на оваа компанија.
Како што е наведено во клиничката студија, има подобрување кај 55% од амбулантски случаи на седмиот ден од третманот со Коронавир, во споредба со 20% од оние кои се лекуваат со стандардна етиотропна терапија, што значи дека примерокот се лекува, а не симптомите.
Р-Фарм изјави дека постои значителна разлика во текот на 14 дена.
На петтиот ден, со третманот се елиминира коронавирусот кај 77,5 проценти од пациентите кои го земале лекот, соопштија од Р-Фарм.
Коронавир може да се користи само во болнички услови. Препаратот не се препорачува за бремени жени и за оние жени кои планираат бременост, за време на периодот на доење, како и за пациенти со бубрежни заболувања, како и за лица помлади од 18 години
Инаку, ова е трет одобрен препарат досега. Пред тоа беа одобрени Авифавир и Арепливир.