Холивудскиот глумец Леонардо Ди Каприо двапати речиси загинал на пат кон Русија, каде што отишол да се сретне со претседателот Владимир Путин за да разговара за заштита на загрозените тигри.
Сепак, патувањето на Ди Каприо се претворило во лошо искуство бидејќи неговиот авион „Делта ерлајнс“ морал принудно да слета веднаш по полетувањето од Њујорк.
Неговото второ возење со авион за малку ќе завршело трагично, а Ди Каприо за сето тоа зборувал во 2016 година во интервју со Елен Деџенерис.
„Погледнав низ прозорецот и видов дека еден од моторите експлодира. Се претвори во огнена топка. Јас бев единствениот човек што го виде и мислев дека веќе сум умрел и отидов во рајот бидејќи никој ништо не кажуваше.“
„Почнав да врескам и да прашувам што се случило, а потоа стјуардесата ми рече дека имаме проблем.“
Авионот бил принуден да истовари гориво 45 минути пред принудно да слета.
„Сите гуми експлодираа. Тоа беше уште една неволја“, рече тој.
Ди Каприо на крајот стигнал среќен на својата дестинација, но подоцна им објаснил на медиумите дека, иако Путин сметал дека тој е многу интересен, со него разговарал само за благосостојбата на животните, а не и за политика. Сепак, актерот напомена дека со задоволство би го играл Путин доколку некогаш се сними филм за него.
Инаку, Ди Каприо неодамна донираше дури 10 милиони долари за помош на Украина.