ИМАЛО ПРИЧИНА: Ѓоковиќ богато награди момчиња кои се фотографираа со него (ФОТО)

by Тони Зографски

Црвена Звезда ја победи Валенсија со 92:73 во 31-то коло од Евролигата и на тој начин ги задржа шансите за пласман во нокаут фазата.

Сепак, шоуто го украде тенисерот Новак Ѓоковиќ кој дојде да го бодри белградскиот тим, а на полувремето тројца млади момчиња од него побараа заедничка фотографија. Немаше да биде необично доколку Ѓоковиќ не извадеше 100 евра од џебот откако се сликаше и не ги дадеше на едно од момчињата.

Во прашање е млад човек со иницијали У.Г., навивач на Црвена звезда. Tој и неговото друштво ја пронашле платежната картичка на Новак во близина на салата, а обезбедувањето во салата и дозволило на оваа фина група да се приближи до теренот и да му ја врати картичката на тенисерот.

Кога се приближиле, Новак се израдувал и срдечно ги поздравил, што може да се види на видеото.

Сепак, добија и повеќе од слика со најдобриот тенисер на светот, иако тоа не го очекуваа. Новак од џебот извади 100 евра кои во знак на благодарност.

Добро е познато дека Ѓоковиќ во текот на својата феноменална кариера заработи огромни суми и дека на негова сметка „лежеше“ вистинско богатство од само еден турнир. На некој начин овие воспитани момчиња му „вратија милиони“ на Новак.

 

 

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com