Полицијата на Флорида прекина ланец на проституција кој се криел зад салоните за масажа. Меѓу клиентите биле и милијардери чии имиња излегле во јавноста.
На удар на полицијата е салонот “Orchids of Asia Day Spa” каде работеле жени од Азија. Тие работеле и живееле во ист стан, спиеле на масите за масажа, а дневно услужувале и по осум муштерии.
“ Ако се направи математика, ќе се добие бројка од 1.500 мажи годишно, без слободен ден“ изјавил шерифот Мартин Шнајдер.
Меѓу клиентите бил и милијардерот Роберт Крафт (77), газда на американскиот фудбалски клуб “Nju Ingland Patriots”, кој е “тежок“ 6.6 милијарди долари. Исто така на списокот на корисници бил и милијардерот Џон Чилдс (77), против кого исто така е покренато обвинение.