На социјалните мрежи се проширија гласини дека кралицата Елизабета Втора (93) починала. Корисник на Твитер објавил пораки од Ватсап групата, пишува Мирор.
„Кралицата почина утрово. Имаше срцев удар“, пишува во пораките што ги напишал непознат испраќач.
Наводно ги добил од член на обезбедувањето на кралското семејство, а се зборувало и како ќе се објави нејзината смрт.
Кралското семејство не се огласи за озборувањата, додека пак експертите на кралското семејство рекле дека кралицата Елизабета е во добра состојба и дека се радува на претстојните обврски.
Меѓутоа, многумина ги виделе објавите на социјалните мрежи и започнале да ги шират. Со тоа, започнале да се шират и многу шеги на нејзина сметка.
Кралицата Елизабета последен пат во јавност била видена минатата недела, кога службено го отворила „The Royal Philatelic Society“ во Лондон, а потоа јавно зборуваше за терористичкиот напад на Лондонскиот мост. Денеска би требало да учествува на самитот на НАТО.