Британската презентерка и инфлуенсерка Кејти Пајпер (37) зборуваше за ужасното искуство што го доживеала во 2008. година. Тогаш нејзиното тогашно момче Даниел Линч го ангажирал Стефан Силвестер, кој и фрлил сулфурна киселина во лицето. Манекенка која ја освои титулата Мис Винчестер, по нападот ослепела на едното око, а нејзината кожа била уништена. Девојката била во индуцирана кома 12 дена, а имала повеќе од 200 операции на реконструкција лицето. Кејто после тоа повеќе од една година не излегувала во јавност.
„Ако морам да прифатам дека се менувам трајно, тогаш морам да ја сменам и индустријата“, рекла Кејти, која за Harper Bazaar позирала во незакопчана бела кошула која ги открила нејзиниет лузни над градите.
Освен физичките, имала и психолошки последици, но собрала сила и зборувала јавно за да им помогне на жените кои страдаат или претрпеле насилство.
„Се сеќавам на време кога не сакав да видам никого, ниту сакав некој да ме види“. Се исплашив од луѓето, особено од мажите. Се исплашив од целиот свет. Се сеќавам дека тогаш разговорот за оваа траума – беше невозможна мисија“, изјавила Кејти за Harper Bazaar .
Инаку, Кејти го познавала Дејвид многу кратко, а по две недели врска се покажал како монструм. Ја силувал и ја малтретирал осум часа, а потоа и го уништил лицето. Тој во 2009. година бил осуден на доживотен затвор.
Денес, Кејти успеала делумно да го реконструира лицето благодарение на бројните естетски интервенции. Таа има напишано три книги за своето искуство, а е многу социјално активна, ја следи скоро 1 милион луѓе на Инстаграм и дури успеала повторно да се врати пред камерата – честопати ангажирана како водителка на телевизиско шоу. Исто така, таа е среќно омажена со градежниот изведувач Ричард Џејмс Сатон (37) и ги имаат ќерките Пенелопе (3) и Бел (Бел, 6).