Поранешната манекенка Кејти Прајс се прославила со многуте естетски операции, по што во јавноста станала позната како кралица на силиконите. Најмногу естетски зафати Кејти имала на градите, а неодамна го направила и 16. зафат.
Старлетата неодамна се најде во центарот на вниманието по признанието дека била повеќепати силувана. Имено, таа раскажала дека имала 7 години кога била првпат силувана. Кејти кажала дека ја силувала и славна личност, што се верува дека се случило пред да го запознае нејзиниот поранешен сопруг Питер Андре во емисијата I’m A Celebrity во 2004. Била силувана третпат под закана со пиштол во Јужна Африка кога ѝ го украле автомобилот во 2018 година.
„Многу луѓе со статус се извлекуваат. Други луѓе ги покриваат. Мојот терапевт ми кажа: ‘Кејт никогаш не сме запознале некој кому му се случиле толку трауматични случувања’. А јас уште сум тука, се снаоѓам“, рекла таа за „Гардијан“ и открила дека ја силувал човек кој е позната личност.
„Јас и екипата од продукција се сместивме во две комбиња и тргнавме на пат од Јоханесбург до Свазиленд. Направивме голема глупост со тоа што не го проценивме добро ризикот и немавме обезбедување. Некаде на половина пат нè пресретна банда. Беа шестмина. Имаа оружје. Нè исфрлија од комбето и ја собраа опремата што ја носевме со себе. Лаптопови, ајподови, кеш, накит, сè што беше вредно, дури и пасошите ни ги украдоа.
Но тоа не беше крајот. Еден од нив ме фати за рака и ми ја држеше цевката од пиштолот вперена во глава, ме натера да влезам во комбето. Се обидов да се одбранам, грчевито удирав додека ми ја кинеше облеката. Потоа ме удри толку силно што изгубив свест. Главата ми ѕвонеше. Не можев да се поместам. Тоа траеше со часови, ме силуваа и се менуваа. Секогаш кога пробував да се одбранам или побегнам, ме тепаа уште повеќе. Не знам колку траеше тоа. Мене ми се чинеше како вечност.“