Актерката Џејда Пинкет Смит од неодамна го прослави 51 роденден, додека оваа година го одбележа инцидентот на доделувањето на оскарите, а кој го предизвика нејзиниот сопруг Вил Смит.
Хаосот настана откако комичарот Крис Рок кажа шега на нејзина сметка, алудирајќи на нејзината ќелавост, а која е последица на автоимуната болест со која се бори актерката.
Џејда и сама во една пригода призна дека го изневерила својот сопруг, додека пејачот Огаст Алсин рече дека имал врска со неа, а дозвола тоа имал од сопругот Вил Смит.
Парот се венча во 1997 година, а во бракот добија две деца, син и ќерка. Нивниот брак важеше за еден од најхармоничните, но фактот дека отворено признаа дека повремено менуваат партнери со другите парови, како и дека уживаат во оргиите ја шокира јавноста.
Во една пригода, Џејда раскажа дека не сакала да се омажи со Вил и дека на тоа ја присилила нејзината мајка.
“Бев под голем притисок, знаете, бев млада актерка, а бев трудна и едноставно не знаев што правам. Никогаш не сакав да бидам во брак, изјавила Џејда.
Актерката во емисијата Red table talk,раскажува за своите сексуални искуства, а она што го откри ја шокираше јавноста.
“Еднаш имав тројка. Бев многу, многу млада, во раните дваесетти, изјави Џејда.
Џејда раскажа дека никогаш не ѝ била доволна интимноста и дека станала зависна од порнографијата. Исто така, призна дека нејзината баба уште од десет години ја научила како да се самозадоволува.
За нејзиниот отворен однос со Вил рече дека се’ е природно, вклучувајќи го и сексот со другите, како и дека со нивниот брак се’ е во ред додека се прифаќаат еден од друг.