Пејачката Ања Ветерова која е на студии во Америка, со пост на својот Инстаграм профил сподели лекциите од двонеделната голгота што ја поминала откако имала здравствени проблеми.
“Ова сум јас ден по треска од 43 ° C (109,4 ° F) Читате како што треба. И тоа не беше Ковид … Сега, кога целото патување официјално заврши, би сакала да споделам неколку лекции што ги научив во изминатите две недели.
1. Грижете се за вашето тело и проверете дали живеете здраво секој ден!
2. Секогаш побарајте медицинска помош кога имате болка! Не ја потиснувајте болката!
3. Јадете многу овошје и зеленчук И пиете тони вода!
4. Земете ги вашите витамини!
Не земајте здраво за готово. Не земајте го вашето тело здраво за готово. Вашето тело е дом во кој ќе живеете засекогаш.
Целата оваа ситуација со мојот бубрег ме натера да сфатам колку треба да бидам благодарена на некои луѓе во мојот живот. Благодарам на секој од вас кој ми се јавуваше, ми праќаше пораки, ме поддржуваше, ме сакаше во тие денови.
И благодарам на едно посебно момче кое беше до мене до крај,“ гласеше постот на Ања Ветерова.