Стефан Петровски преку Фејсбук објава го искажа својот револт откако скршил нога и наишол на непријатен однос од надлежните служби.
Тој прво бил нападнат од куче додека возел тротинет, загубил рамнотежа и така ја скршил ногата.
Неговото разочарување започнува кога тој пробува да добие помош преку телефонските линии 194 и 112.
– Докторката почна да ми вика и така почнав да се расправам со лицето што рече нема да ме прими бидејќи сум бил безобразен со нејзе, да сум се јавел пак кога ќе сум коректен со нив, и ми спушти на телефонот, стои меѓу другото во објавата која во целост е објавена во продолжение.
“Синоќа си ја скршив ногата во оваа скршена држава.
Државата сама себе не се сака и сѐ ни е скршено. На сѐ треба да ставиме гипс, но јас веќе губам сили да сакам да го правам тоа веќе.