Холивудската глумица Мила Јововиќ се појавила во јавноста со новата фризура, па речиси некој не останал рамнодушен на нејзиниот нов имиџ.
Имено, таа со години е позната по својата боб фризура до рамениците и никогаш премногу не отстапувала од тоа.
Сепак, како што напишала на својот Инстаграм профил, сега ѝ била потребна промена повеќе од кога и да е.
„Се чувствував дека ми е потребна промена и имав некои ножици при рака. Во секој случај, повторно расте. Без оглед на тоа дали ви се допаѓа или не, готово е и сега ќе видиме во што ќе порасне“, напишала ѕвездата од филмот „Resident Evil“.
А, потоа таа се појавила пред хотелот „Four Seasons“ во Лос Анџелес и речиси никој не ја препознал.
Актерката била облечена во „кежуал“ издание во вид на тексас шорцови и обична, маица во риги, а целата комбинација ја „зачинила“ со црвени чевли на потпетица.
Сепак, најмногу од сè внимание привлекла нејзината „панк-рок“ фризура, а многумина коментирале дека се чини дека на некои делови од главата воопшто нема коса.
Под фотографијата на социјалните мрежи на која се гледа новата фризура на Мила, актерката Алиса Милано прокоментирала дека е воодушевена и побарала помош за креирање на нејзин нов изглед.
„Ајде, шишај ме и мене! Донеси ножици“, напишала таа.