Исланд е прогласена за најдобра земја за луѓето кои сакаат да започнат живот на ново место во 2025 година. Оваа нордиска држава го зазела првото место со вкупен резултат 58,4 од можни 100 поени.
Оценувани биле 24 клучни критериуми, меѓу кои и економска сила, трошоци за живот, квалитет на здравствената заштита и јавен превоз.
Исланд не е само чудо на природата кој го красат глечери, гејзери и аурора бореалис. Исланд се истакнува и по стандардот за живот, безбедноста и среќата на своите граѓани, а најновите листи тоа го потврдуваат – оваа земја се наоѓа на третото место меѓу најсреќните држави на планетата.

Главниот град Рејкјавик, иако брои околу 140.000 жители има космополитанска енергија. Во него ќе најдете сѐ што нудат многу од поголемите европски метрополи – живописни сцени во рестораните и кафулињата, галерии, театри, фестивали и модерен начин на живот.
Сепак, она што го издвојува е тоа што сѐ може да обиколите пешки. Градот нуди ретка комбинација на урбана функционалност и топлина на заедницата, што го прави единствено место за живот.
Економијата на Исланд дополнително ја зајакнува неговата привлечност. Просечната месечна плата таму изнесува околу 4.500 евра, со што Исланд се сместува меѓу земјите со најдобри услови за живот и работа во Европа.
Стабилна економија, добро уреден социјален систем и исклучително квалитетна здравствена заштита како дел од секојдневието на жителите.

Кој друг се најде на листата?
Меѓу десетте најпривлечни земји за имиграција доминираат европските држави како Швајцарија, Луксембург, Норвешка, Ирска, Данска и Холандија.
Од друга страна, Велика Британија се нашла на 19 место, зад САД кој го зазел седмото место.
Јужна Кореја е оценета како најдобра по прашањето на здравствена заштита, веднаш зад неа е Австралија, додека пак Шри Ланка го зазела првото место во областа на образованието, благодарение на исклучително ниските трошоци за грижа за децата – само 354,60 долари годишно.
Луксембург се истакнал како лидер кога станува збор за јавниот превоз, додека пак Обединетите Арапски Емирати се прогласени за најбезбедна земја. Велика Британија стигнала меѓу првите десет само во категоријата заштита на животната средина.

Во студија која ги рангирала земјите според среќата на нејзините граѓани, Финска осма година по ред е прогласена за најрадосна нација на светот. На врвот од извештајот за светската среќа доминираат нордиските земји – Данска на второто место, Исланд на третото, а Шведска на четвртото.
На дното од листата најнесреќни земји повторно е Авганистан, додека пак последните пет места ги заземаат и Сиера Леоне, Либан, Малави и Зимбабве.