Голманот на Ајнтрахт и репрезентацијата на Германија, Кевин Трап, ужива со девојката, неверојатно згодната манекенка Изабел Гулар и пријателите на популарниот грчки остров Миконос којшто го обожува светскиот џетсет.
Меѓутоа, сите медиуми пишуваат за еден од најубавите парови, според зборовите на медиумите, а тоа го докажуваат и фотографиите кои се споделуваат на социјалните мрежи.
Имено, згодниот пар овојпат бил „фатен“ како разменува нежности на базен, а очигледно дека не им било толку непријатно од останатите луѓе кои биле покрај нив.
Не им пречеле ниту другарите на Кевин, па прекрасната бринета го бакнувала и прегрнувала својот партнер којшто не останал имун на нејзините допири судејќи по тоа дека фотографите ги „фатиле“ во непријатни пози.
Освен тоа, познатата бразилска манекенка со својот изглед ги маѓепсала сите, а минијатурното бикини кое го носела одлично ја истакнувало нејзината извајана фигура на тело.
Прекрасен тен, совршени стомачни мускули и затегнати нозе…
Кевин и Изабел својата романса ја започнале во 2015 година, а се вериле по три години.
„Немам зборови да го опишам овој магичен момент. Ја сакам Изабел, мојата идна сопруга“, напишал тогаш голманот на својот Инстаграм профил.
Од моментот кога стапиле во врска за нивните имиња не се поврзувале никакви афери и скандали. Напротив, тие важат за еден од најскладните парови, а иако прекрасната Бразилка е постара шест години од својот партнер, тоа воопшто не го нарушува нивниот хармоничен однос.
Своевремено, Изабел открила дел од нивниот интимен живот којшто ги изненадил нивните фанови:
„Имаме секс четири-пет пати дневно. Меѓутоа, доколку неговиот фудбалски клуб изгуби некој натпревар во којшто Кевин бранел тогаш нема секс. Од друга страна доколку победи ниту еден од нас таа вечер не спие и имаме секс до утринските часови“, изјавила пред неколку години манекенката.