Принцот Хари (35) и Меган Маркл (39) конечно решија каде сакаат да живеат откако го напуштија кралското семејство во Велика Британија и се преселија во САД. Имено, војводата и војвотката од Сасекс купиле вила од 18.000 м2 која има 5,4 акри земја во Монтесито, Калифорнија.
Според списанието „Пипл“, нивниот дом се наоѓа околу 150 километри северно од Лос Анџелес, a nекои од нивните познати соседи се водителките Опра Винфри и Елен Деџенерис, актерот Роб Лоу и режисерот Џорџ Лукас.
Имотот во Монтесито, кој се состои од куќа со девет спални и 16 тоалети, базен, игралиште и градина со рози, го купиле 14,65 милиони долари.
Вилата личи на палата со 9 спални соби и 16 купатила, има голем базен, кино, фитнес сала, бања, библиотека, канцеларија, винарска визба, кујна направена во уметнички стил, игри и просторија за забава, тениско игралиште, гаража за пет автомобили и голема игралиште каде што принцот Арчи ќе може да игра со часови.
Во теретаната, инаку, има и шипка за стриптиз, но не се знае дали парот ќе ги задржи или ќе ги „отстрани“.
Имотот е на приватен пат, па парот ќе може да ужива во својата приватност без папараците. Тие исто така можат да уживаат во прекрасниот поглед на океанот и планините, кои ги опкружуваат од сите страни.