Со осум месеци задоцнување поради лиценци и скандали со вода, екологија и сечење дрвjа, Илон Маск денеска ја отвори својата гигафабрика во Берлин со која планира да продава автомобили „Тесла“ во Европа. Фабриката од пет милијарди евра е најголемата инвестиција во германска фабрика за автомобили во поновата историја.
Меѓутоа, медиумите ширум светот пишуваат за тоа што основачот на „Tесла“ правел на отворањето.
Маск бил забележан како танцува (шизење) додека ја најавува испораката на првите автомобили на „Тесла“ со германско производство за 30 клиенти и нивните семејства во фабриката на прозводителот на автомобилот.
Elon Musk dancing at the opening of the new #gigafactory just outside Berlin, where he was handing the first Tesla Model Y vehicles to their owners #GigaBerlin pic.twitter.com/mxcO8RYs6T
— Daniel Orton (@MisterOrton) March 22, 2022
„Ова е прекрасен ден за „Tесла““, изјавил Маск, пред да го поздрави покренувањето како „уште еден чекор во насоката за одржлива иднина“, пренесува Ројтерс.
Директорот на „Tесла“ го оживеал сеќавањето на покренувањето на фабриката во Шангај во 2020 година, каде што покажал и некои од своите танцови способности.
Инаку, во полн капацитет фабриката би требала да произведува по 500.000 автомобили годишно, значително повеќе од „Фолсваген“ кој лани ширум светот продаде 450.000 електрични возила на батерија.
Elon is dancing again!! pic.twitter.com/IKcQCYhk6u
— Tesla_Adri (@tesla_adri) March 22, 2022