Како што пишува Biznis.rs, компанијата Тесла Моторс се обратила до новосадскиот производител на минерална вода Минаква со барање за соработка која би опфатила стекнување или купување на поголем дел од производството.
Минаква е производител на минерална вода богата со јод, која е во фокусот на интересот на оваа позната компанија.
Оваа информација им ја потврди, додаваат, Татјана Малбаша од оваа компанија.
„Да, Тесла изрази интерес за соработка со нашата компанија, што би вклучило преземање на дел од компанијата“, изјави Малбаша за Biznis.rs.
Според неа, српската компанија сериозно ќе ја разгледа понудата бидејќи нејзини акционери се вработените и нивните семејства, но и странски партнери.
Таа додаде дека се подготвуваат примероци од вода да испратат во Тесла Моторс.
Директорот на Минаква за медиумите изјави дека Тесла, покрај нив, контактирала и со уште неколку компании во Европа кои имаат вода со природен јод и дека повеќе детали ќе бидат познати за неколку недели.