Боне е село во Франција за кое веројатно не сте слушнале, но сега можеби ќе го запомните. Ова место се наоѓа на дел од регионален пат и низ него проаѓаат околу 2500 возила дневно.
Можеби не ви се чини многу, но за едно мало село како ова навистина е. Наводно и брзината на возилата кои поминувале оттука била многу поголема од ограничената, а поради тоа напомош „скокнале“ експерти за сообраќај и се досетиле на една уникатна хоризонтална сигнализација.

Идејата била – што повеќе линии, тоа подобро! Тие се испреплетуваат една со друга, а оттаму се поставува клучното прашање: како се вози по ваков пат?

Меѓутоа, зад сето ова стои една одлична идеја – целта е максимално да се забави сообраќајот на раскрсницата, односно одговорните се обиделе да создадат визуелен „хаос“ кој ќе ги поттикне возачите да забават. Првите резултати покажале дека брзините на автомобилите кои поминувале оттука радикално се намалиле.

Некои критичари, од друга страна, им замеруваат на властите што патот е исцртан со полни линии преку кои не треба да се вози, а сега возачите мора да поминат преку нив… Како и да е, ова е навистина неверојатно сообраќајно решение.