Дали би носеле високи потпетици, но не би поминале денови масирајќи ги стапалата, пцуејќи го денот кога сте ги облекле? Дали би ги носеле најудобните есенски обувки, но тие пак немаат елеганција и гламур? – тогаш потребни ви се кратки чизми со блок потпетица, а тоа многу добро го знае и Анџелина Џоли, која се појави во феноменален пар вакви обувки.
фото;PROFIMEDIA
Наречете ги чизми со дебела потпетица, блок или блок потпетица, овој модел е едноставно непобедлив кога кога станува збор за практична мода. Иако имаат висока потпетица, тие се многу удобни доколку треба долго да одите или стоите, тие овозможуваат многу шик есенски изглед, особено ако се одлучите за чизми до глужд. Иако пак за многумина ова се омразени чизми.
Актерката Анџелина Џоли беше видена пред неколку дена во Лос Анџелес во едно такво издание, кога беше фотографирана со својата ќерка Захара пред продавницата на Фред Сегал додека пазаруваше.
Таа го избра моделот на нејзината омилена модна куќа Валентино – чизмички до глуждот, со заоблен горен дел, на која на стабилната пета има златен монограм од овој бренд.
фото;PROFIMEDIA
Анџелина најчесто го избира само најдобриот квалитет, па сега донесе херитиџ модел изработен од вистинска кожа, со потпетица од шест сантиметри, а го искомбинира со елегантни црни панталони со широки ногавици и црн капут.
Чизмите со дебела потпетица се ретро тренд, кој беше лидер во текот на шеесетите, а во последно време ги освои и уличниот стил и формалниот стил бидејќи е исклучително практичен начин визуелно да ја издолжите ногата и целата фигура, да изгледате секси и тренди, а во исто време да уживате во вашата удобност која ја овозможува удобната потпетица.