Државата да престане да ги казнува граѓаните и фирмите се до оној момент кога ќе успее да набави вакцина за заштита од корона вирусот. Ова преку Фејсбук статус го побара доскорешните пратеник од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Илија Димовски.
-Да престанат сите казни и ограничувања спрема граѓаните, фирмите и правните субјекти се додека државата не набави вакцини. Не може сите да бидат казнувани и ограничувани ако не си ја исполнат својата обврска, а државата да биде имун и да биде заштитена, – напиша Димовски.
-Со Короната, единствен фактор кој целосно и комплетно не е на ниво на опасноста, не си ни фирмите, ни граѓаните, државата е Државата не си ја обавува со Устав и закони дадената ОБВРСКА да се грижи за здравјето на граѓаните,- додаде Димовски во својата Фејсбук објава.