Делацијата на Европска Унија ја прогласи уметницата и сликарка Илина Арсова за Европска жена на 2022 година. Таа беше претставена од страна на Амбасадорката на Германија, Анке Холстајн.
Покрај неа учевствува четири жени и тоа: докторката Маја Мојсова Мијовска – претставена од Амбасадорката на Хрватска, Нивес Тигањ; претприемачката Наталија Бургиева – претставена од Амбасадорот на Европска Унија, Дејвид Гир; режисерката Дина Дума – претставена од Амбасадорката на Шведска Кристин, Форсгрен Бенгтсон; директроката на Националната галерија Дита Старова Ќерими – претставена од Амбасадорката на Романија, Моника Аксинте.
Изборот се одржа по пат на Фејсбук гласови, па така таа освои најмногу реакции од корисниците на оваа социјална мрежа.
„Им честитам и се воодушевувам на останатите жени кои учествуваа во изборот. Да продолжиме да инспирираме, да покажеме што е солидарност и да го менуваме светот заедно“, вели Илина.
Арсова е првата Македонка која ги искачи седумте највисоки врвови на седумте континенти. Во 2006 го искачи Мон Блан, а во 2013 стана првата жена од Македонија што го искачи Монт Еверест.