Ангела Меркел по 16 години раководство, му ја предаде Сојузната канцеларија на нејзиниот наследник Олаф Шолц.
Меѓу другите, и шведската компанија „Икеа“ се прости од Ангела Меркел, сподели шведскиот политичар Карл Билт. Фирмата ѝ оддаде почит на поранешната германска канцеларка со реклама што денеска се појави во два германски дневни весници – „Зидојче цајтунг“ и „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.