Израелска војничка е ослободена од заробеништво на Хамас по копнената операција на израелските одбранбени сили (ИДФ) во Газа, тврди војската на земјата.
Полковник Ури Магидиш беше ослободена за време на копнена операција, откако беше киднапирана од терористичката организација Хамас на 7 октомври“, се вели во соопштението.
„Војничката беше медицински прегледана, нејзината состојба е добра и се сретна со семејството“, се додава. Израелската армија сподели и фотографија од ослободената жена војник. Тие потврдија дека операцијата е извршена во текот на ноќта, но не сакале да зборуваат за детали. Мегидиш била киднапирана кога милитантите упаднале во базата Нахал Оз.