Две христијанки, мајка и ќерка се убиени денеска од израелски снајперист во реонот на католичката парохија на Светото семејство во Газа, соопшти денеска Ерусалимската латинска патријаршија.
Во соопштението се вели дека вчера околу пладне, снајперист на израелските одбранбени сили (ИДФ) убил две христијанки во парохијата на Светото семејство во Газа, каде што повеќето христијански семејства се засолнети од почетокот на војната.
„Нахида и нејзината ќерка Самар беа застрелани и убиени додека оделе до манастирот каде што живеат калуѓерките. Едната била убиена додека се обидувала да ја однесе другата на безбедно“ – се вели во соопштението.
Седум лица биле застрелани и ранети додека се обидувале да ги заштитат другите внатре во цровниот простор, информираа од црквата.