Новинар на Ал Араби ТВ, која известува за настани во арапскиот свет и пошироко, доживеал сериозна непријатност во неделата додека известувал од Израел. За време на директен телевизиски пренос од израелскиот град Ашдод, репортерот Ахмад Даравши бил нападнат од агресивен маж кој почнал да му вика.
Даравши известувал за ситуацијата во Газа кога му пришол човек во униформа, за кого не било јасно дали е полицаец или службеник за обезбедување.
Телевизиската мрежа Ал Араби го објави инцидентот на Твитер, тврдејќи дека на Даравши му пришол „вооружен израелски полицаец“. Не е можно самостојно да се потврди оваа информација.
Американскиот „Њузвик“, кој исто така известуваше за инцидентот, исто така не можеше да потврди дали човекот што го предизвикал инцидентот е полицаец или службеник на агенција за обезбедување. Посочуваат и дека не е јасно дали мажот бил вооружен.
شرطي إسرائيلي مسلح يهدد مراسل العربي أحمد دراوشة على الهواء مباشرة@AhDarawsha pic.twitter.com/cZRbc49FtL
— التلفزيون العربي (@AlarabyTV) October 15, 2023
Според преводот на видеото, кое веќе собра речиси милион прегледи на Твитер, човекот му порачува на новинарот дека треба да кажува само „добри работи“. По првичниот прекин, Даравши вели дека „израелската полиција следи се што ќе кажат, а еден од нив дојде да ми вика и да ми се заканува“. Во меѓувреме, агресивниот маж повторно се враќа и повторно вика: „Ова е одвратно! Ќе ја претвориме Газа во прашина! Прашина!“, вели тој.