Израелско-канадскиот милијардер Силван Адамс, со 1.5 милион долари ќе го плати настапот на Мадона, на финалето на утрешниот натпревар за избор на најдобра песна Евровизија, во Тел Авив, изјавуваат од израелската телевизија „КАН“.
Поп дивата со приватен авион на милијардерот во вторникот навечер допатува во Тел Авив од Лондон и се смести во хотелот „ Дан”, каде што целиот петти спрат е резервиран само за неа и за нејзината придружба.
Нејзината придружба вклучува околу 135 луѓе, од нив само 40 се придружни вокали, 25 танчери, техничари, стилисти.
Мадона пред утрешниот настап одржа и две проби кои беа затворени за јавноста.