Некогашниот фудбалер на германскиот прволигаш Шалке, Јаник Камба, е во центарот на вниманието на светската јавност. Во јануари 2016 година, светските медиуми објавија дека, тогаш 29-годишен, Јаник Камба е убиен во сообраќајна несреќа во родниот Конго и оттогаш се смета за мртов … до денес!
Повеќе од четири години по „трагедијата“, германскиот „Билд“ објави дека Камба е сè уште жив и дека ја режирал својата смрт за неговото семејство да ги собере парите од осигурувањето.
Во јануари 2016 година, светската јавност ја потресе веста за смртта на еден фудбалер, од кого сите се збогуваа. Прв во редот беше неговиот поранешен клуб Шалке за кој играше уште во помладите селекции, а несреќата особено го погоди неговиот долгогодишен соиграч Мануел Ноер.
Сепак, според „Билд“, с ето тоа било само добро смислено шоу за да добие семејството на Камба сума од шест цифри од осигурување.Жената на Кемба со која има едно дете, тогаш добила шестоцифрена сума на пари.
Според нивните информации, Јаник сега живее под различно име во областа Рур и е вработен во енергетска компанија.
– Истрагата е во тек. Разгледуваме дали се работи за измама, рече обвинителот Анет Милик за „Билд“.