Англиските медиуми објавија информација дека на интернет се појавило домашно видео со експлицитна содржина од Формула 1 возачот Луис Хамилтон и Никол Шерцингер . Видеото од две ипол минути е снимено со мобилен телефон, додека пејачката и возачот на Формула 1 сè уште беа во врска.
Според таблоидот „Сан“, снимката била прегледана повеќе од 286.000 пати. Целата оваа ситуација лошо влијаела врз поранешната членка на „Пусикет Долс“.
„Срцето ѝ се скрши кога дозна дека снимката излезе во јавност“, изјавил близок пријател на Никол.
Никол и Луис беа во врска осум години, но по неколку кратки паузи, решија да ѝ стават крај конечно во 2015 година.
Инаку, Луис Хамилтон сега е во врска со Русинката, Анастасија Квитко која важи за руска Ким Кардашјан.