Литванката Едита Буткевичијут (30), која живее и работи во Абердин, Шкотска, го скршила ‘рбетот на три места, колкот и скочниот зглоб, скршена ѝ е и клучната коска и оштетен ѝ е црниот дроб, кога на улица врз неа паднал кауч.
Имено, Едита му заѕвонела на своето момче Даниел Фереира за време на паузата за ручек, кога каучот кој требало да се премести во станот во поткровјето паднал врз неа. Младата жена 40-на минути лежела згрчена под каучот, пред да ја слушне еден минувач како бара помош. Нејзиното момче после несреќата не се одвојува од неа.
„Целата сум скршена. Не можам дури ни момчето да го прегрнам. Ми рекоа дека повторно ќе можам да одам, но факт е дека целиот живот ми е уништен за глупост. Ќе бидам инвалид“, вели таа и доддава дека Даниел веројатно ќе мора да се грижи за неа.
Едита е во болница од 7-ми декември и вели дека дури после 8 недели ќе биде пуштена дома. За целосно опоравување ќе ѝ биде потребна една година. Хирурзите ѝ ги фиксирале ‘рбетот и нозете со помош на метални плочки и шрафови.
Менаџерката на салонот во кој работи Едита, изјавила дека таа е „силна личност“.
„Таа е психички силна и веќе успеа да ги направи првите чекори после несреќата“, рекла таа.
„Имавме толку планови и се радувавме за годишниот одмор, а сега се прашуваме како ќе ги платиме сметките“, вели Едита која не се предава:
„Знам дека повторно ќе одам. Среќна сум што сум жива, знам дека ќе биде тешко, но многу сум позитивна, ќе дадам сè од себе“, рекла таа.
Инаку, двајца мажи на возраст од 26 и 31 година се обвинети за инцидентот.
https://twitter.com/i/status/1206944230909890560