Олесија Сусписина (31) од Казахстан паднала од карпа висока околу 35 метри додека позирала за фотографија.
Инцидентот се случил во популарниот парк Дуден кај Анталија, познат по прекрасните водопади, и тоа откако девојката излегла од повеќенеделниот карантин наметнат од локалните власти.
Таа била на прошетка со пријател, кога решила да се фотографира на работ на карпата веднаш покрај водопадот.
Дошла до безбедносната ограда и почнала да позира, додека нејзиниот пријател фотографирал.
Нејзиниот пријател повикал брза помош. Безживотното тело на девојката подоцна било пронајдено и извлечено од водата.
Инаку, во последните пет години, Сусписина работела како туристички водич.