Бред Пит е сон на речиси секоја жена и слободно може да се каже дека сѐ уште е во самиот врв на најжешките актери во Холивуд, а токму тој во едно интервју откри кои се за него двајцата најжешки мажи.
Новинарите од магазинот „Вог“ прашаа познат холивудски актер кои се за него двајцата најзгодни мажи, одговорите можеби ќе ве изненадат. Едниот е од „старата гарда на актерите“, а другиот е негов добар пријател.
Ако зборуваме за луѓе од актерскиот свет, бидејќи тоа е мојата секојдневна работа, мој непосреден избор е Пол Њуман. Тој старееше со таква благодат и сите секогаш велат дека тој бил навистина посебен човек. Беше дарежливо, искрено и топло човечко суштество“, изјави Бред Пит за познатиот американски актер и режисер кој почина во 2008 година на 83-годишна возраст.
„А ако треба да именувам некој од сегашноста – тоа мора да биде Џорџ Клуни“, изјави Бред Пит.
Иако сите се прашуваат дали воопшто бил субјективен, бидејќи се знае дека е еден од неговите најдобри пријатели.