Семејството на 20-годишната Верица Белчовска од Берово, чии органи беа донирани по нејзината смрт и семејството на младиот Иле Стрезовски од Брвеница, во чии гради чука нејзиното срце, стапиле во контакт. Цветко, таткото на Иле за „Фокус” изјави дека телефонски разговарал со Мартин, братот на Верче.
-Се слушнавме со братот на Верче телефонски. Изгубив сестра, но добив брат, ми рече. Со таа реченица е кажано се, нашата благодарност не може да се опише со зборови, сите ние се уште сме како во сон, полека започнуваме да сфаќаме што навистина се случи.
Двете сестри на Иле заедно со зетот вчера заминаа во Русиново, да присуствуваат на погребот на Верче.
Тоа е најмалку што можеме да направиме, да ја покажеме нашата почит кон девојката чиј живот трагично заврши, но и кон нејзиното семејство кое ја покажа целата своја големина со хуманиот гест. Вечно сме им благодарни, да се стабилизира состојбата на Иле, да помине сето ова, секако дека планираме во иднина и лично сите да се запознаеме, да се видиме со луѓето чија добрина ја трогна целата земја – раскажува таткото.
Повеќе на: фокус.мк