Еден Загрепчанец објавил фактура од кафуле во Опатија и предизвика бура на социјалните мрежи.
Разочараниот гостин на својот Фејсбук-профил објавил сметка од кафуле во Опатија, бидејќи смета дека платил премногу за она што го нарачал. Тој нарачал кроасан со шунка и сирење, мало макијато и природен сок од лимон.
Сè заедно платил – 107 куни (околу 14 евра).
Кроасанот го платил 30 (околу 4 евра), макијато 32 (4,26 евра), а сок дури 45 куни (5,8 евра).
Луѓето најмногу ги изненадило тоа што кафето чинело повеќе од кроасанот, па под објавата на гостинот оставиле куп коментари, повеќето згрозени од високите цени.