Во текот на изминатата вечер изгоре внатрешниот дел од ресторанот „Лајт клуб“ на Митрополит Теодосиј Гологанов кај управната зграда на АМСМ во центарот на Скопје.
Според информациите, пожарот избувнал во 4 часот и бил гасен од 9 пожарникари со 4 возила.
Речиси целосно е изгорена внатрешноста на ресторанот, причинета е голема материјална штета, но нема повредени лица, пренесува Фактор.