Најмалку 22 лица загинаа во рускиот ракетен напад на железничка станица, во кој изгоре патнички воз во украинскиот град Чаплин, соопштија властите во Киев, а пренесува „Ројтерс“.
Украинскиот претседател Владимир Зеленски со денови предупредува дека Москва би можела да се обиде да направи „нешто особено сурово“ на денот кога Украина ја одбележа 31-годишнината од независноста и во текот на оваа недела, наведува британската агенција.
Зеленски во еден момент го процени бројот на ранетите на околу 50, а неговиот заменик началник на кабинетот подоцна објави дека во нападот, во кој беа погодени пет вагони од патнички воз, се повредени 22 лица.