882
Синоќа околу 20 часот пожарникарите успеаа да го изгаснат пожарот кој поладнето избувна на неколку лускузни јахти вкотвени во пристаништето во Тиват.
Во акцијата за гаснење на пожарот, покрај пожарникарите од Тиват, учествуваат и припадници на Которската СЗС.
Покрај двете јахти на кои директно избувнал пожарот, пожарот оштетил и друг брод во близина.Во гаснењето на пожарот учествувал и противпожарниот брод „Јована“ на марината Порто Монтенегро.
Штетата е милионска, но пожарникарите досега успеале да спречат истекување и експлозија на нафта од резервоарите на запалените јахти.
Причината за пожарот се истражува, но според неофицијални информации , пожарот бил предизвикан од неисправна инсталација. Пожарот предизвикал голема штета на јахтите
