Хрватската пејачка Јосипа Лисац летува во Дубровник и со своите необични комбинации на облека не престанува да привлекува внимание. Постојат некои на кои нејзиниот стил не им се допаѓа, но едно е јасно, таа не може да помине незабележано.
На својот Инстаграм профил објави фотографија на која позира на плажа на еден хотел во Дубровник во необичен костим за капење со долги ракави и ногавици. Како што ѝ прилега на една вистинска дама, пејачката својот изглед додатно го истакнала со голем шешир и несекојдневни очила за сонце, во нејзин стил.
Легендарната пејачка е на прагот на осмата деценија и изгледа многу витко и задоволно.