Џенифер Лопез и овојпат е без сопругот Бен Афлек, кој е во Калифорнија. Нејзиното модно издание е нејзиниот најгламурозен стајлинг досега среде гласините за нејзиниот развод од актерот.
Најпрво беше во Италија, а потоа отпатува за Париз, каде што присуствуваше на ревијата на модната куќа „Диор“ на која е прикажана колекцијата висока мода за есен/зима 2025. Џенифер Лопез и овојпат е без сопругот Бен Афлек, кој е во Калифорнија. Нејзиното модно издание е нејзиниот најгламурозен стајлинг досега среде гласините за нејзиниот развод од актерот.
Сите погледи секогаш се вперени во неа, а тоа беше особено така во последните недели кога се шират гласини дека нејзиниот брак со Бен Афлек заврши.
Џенифер Лопез на престижната модна ревија пристигнала во прекрасен фустан, со гламурозен дизајн и навестување на ретро мода која ја става женственоста во преден план. Фустанот го комбинирала со црни ракавици и сандали на платформа со есктремно високи потпетици.
Гламурозните кожени ракавици не дозволиле да се види дали Џеј Ло носи бурма или не, иако таа најчесто го вади прстенот и го враќа на нејзината рака, а истото го прави и Афлек.