Не е тајна дека Мараја Кери (53) веќе неколку години се бори со вишокот килограми, иако пејачката тоа никогаш не би го признала ни за жива глава. Таа околу себе создаде слика на фатална жена, за која цврсто се држи, негирајќи го незадоволството од сопствениот изглед.
Овој пат јавноста може да ја види во една од навистина ретките ситуации – капење.
Марија во таа прилика влегла во морето облечена во одело за пливање наместо во бикини. Дури и под оделото јасно се гледа очигледниот вишок килограми на познатата пејачка.
На одморот друштво и прави нејзиниот 14 години помлад дечко Брајан Танака (39), како и нејзините деца, близнаците Мароко и Монро (11).
Во оваа прилика Мараја облекла костум кој го откопчала за да и се гледа бујното деколте, а на лицето имала силна шминка од која никогаш не се откажува.
„За мене таа изгледа сосема нормално, но познавајќи ги познатите личности, таа сака да изгледа совршено!
„Не гледам ништо лошо овде“
„Ја фатиле дивата неспремно, но мене ми личи на секоја друга мајка која се забавува со своите деца.
„Изгледа како дебела тетка“, се само дел од коментарите под фотографиите на Мараја Кери во костим за капење.