За време на одморот многу луѓе се опуштени и го оставаат мозокот да им одмори и не размислуваат премногу за ништо. Така се случува на одмор да изгубиме разни работи кои ни се важни, а во ерата на социјалните мрежи многу луѓе одлучуваат да ставаат објави и да бараат добри луѓе да им помогнат да го најдат она што го изгубиле.
Се разбира, често оди и во спротивна насока. Понекогаш се случува да најдеме нешто што може да биде многу важно за личноста која го изгубила, па го објавуваме на социјална мрежа со надеж дека тој ќе го види и ќе си го најде.
Еден човек така си нашол вештачка вилица на плажа и објавил во групата „Грција во живо“:
– Кој останал без заби на плажа? Тие се во полициската станица во Никити.
Многумина се огласиле во коментари под објавата, и додека некои означуваа луѓе кои би можеле да бидат сопственици на овие заби, други се шегуваа. „Значи, бурмите веќе не се ИН, се префрливме на заби…“, „Можеби ја загубил бурмата, па сопругата му ги избила забите“, „Ќе јаде само супи“, „Долна или горна вилица? “, “Зошто во полиција? Касаат?”, “Јуу, фала му на Бога моите се тука”, “Колку пиво треба да испиеш пред да откриеш дека ти испаднале забите…”, “Ајкула изела баба, останаа само вештачки заби“, беа само дел од коментарите.