Иконата на стилот и една од најсаканите принцези, Леди Дајана беше препознатлива по достапноста и едноставноста. За неа секогаш се зборува со суперлатив, а нејзиниот префинет моден вкус, кој беше еден од нејзините заштитни знаци, дојде до израз и во изборот на костимите за капење што ги носеше.
Да се види принцезата Дајана во костим за капење беше реткост, пред се’ поради нејзината позиција додека беше во брак со тогашниот принц од Велс, и сегашниот британски крал Чарлс III.
За среќа, скандал не се случи кога во 1993 година се појавија слики од Леди Ди во костим за капење, која тогаш беше на одмор на Карибите со синовите Хари и Вилијам.
Нејзиниот прекрасен летен стил беше модерен и денес. Дајана е фотографирана во елегантен црн едноделен костим за капење и шик очила за сонце во иста боја.
Откако се разведе со Чарлс и започна врска со Доди Ал Фајед, Дајана го смени стилот на облекување, па нејзиниот моден вкус дури тогаш блесна во полн сјај.